Економија, финансии, бизнис

Контакт

12-те најшарени улици во светот (ГАЛЕРИЈА)

12-те најшарени улици во светот (ГАЛЕРИЈА)

Имаме премногу сиви и здодевни згради и блокови. Секој сака малку повеќе боја во животот! Ова се можеби најубавите и најшарените улици, чии фасади на зградите импресионираат со боите на виножитото и нудат многу расположение. 

El Сaminito (Буенос Аирес)


Населбата Ла Бока во минатото е познатa по многуте мигранти. Денес тaa е популарna по својата улична уметност и боите кои ја разубавуваат главната улица, со веселите згради, перформанси, актери и кафулиња. 

Стариот град Колмар (Франција)


Овој град е како излезен од бајка. Француската и германската архитектура тука се во синхронизација, за да ја создадат оваа колоритна улица. 

Nyhavn (Копенхаген)


Обоените фасади на Nyhavn се меѓу најпрепознатливите во Европа. Еден интересен факт: Ханс Кристијан Андерсен живеел во една од овие куќи. 

Стариот град Сhefchaouen (Мароко)


Овој мал северен марокански град, опкружен со планини, е познат по мешавина на шпанска и муслиманска архитектура, а тука владее сината боја. Тој е воведен од еврејските имигранти кои го бојадисуваат градот, изразувајќи почит кон небото и морето. 

Jellybean Row (Њуфаундленд, Канада)


Мислите дека студените и ладните зими во Канада може да бидат депресивни - не и ако живеете на Jellybean Row. Овој дел од населбата е позната по своите куќички во црвена, сина, жолта и лаванда. И не е чудно што ова е една од најфотографираните улици во Канада. 

Лас Палмитас (Мексико)


Историјата на Лас Палмитас, сиромашен кварт на два часа од Мексико сити, е необична. Само за последната година Владата финансира проект за обнова и ја претвора улицата во вистинска уметност. Над 200 дома се претворени во уметничко дело.

Paseo Gervasoni (Чиле)


Бојата е сè во овој пристанишен град. На пример историскиот дел на Paseo Gervasoni. Но вистинската причина да го посетите местото се огромните импресивни графити на зградите. 

Market Square (Варшава)

Најстариот дел на Варшава е исполнет со светли и шармантни згради кои датираат од 13 век. Поголемиот дел од градот е уништен за време на Втората светска војна, а потоа е реконструирана. 

Fondamenta Pontinello (Италија)


Остров Бурано - град на уметници и рибари, е толку шармантен со малите куќички во боите на виножитото. Се вели дека рибарите започнале традицијата да ги бојадисуваат куќите за да ги препознаваат далеку од лагуната. 

Rue Crémieux (Париз)


Ексцентрична, улица од калдрма ... една од најдобро чуваните тајни на Париз. 

Bo Kaap, (Кејптаун)


Овој муслмански кварт се трансформира по апартхејдот, кога жителите решаваат да го бојадисаат во весели бои. Денес местото е популарна туристичка дестинација.


Слично

Поврзани вести