11 знаци дека е време да ја напуштите работата
Некои луѓе бараат нова работа за повисока плата. Други - за нови можности за развој. А трети - за да започнат свој сопствен бизнис, кој може и да е најдобра причина. Но има и голем број на други причини поради кои сакате да го промените работното место. Сите тие се условени само од едно - животот е премногу краток. Премногу краток за да живеете секој ден, чувствувајќи се незадоволно; за да поднесувате ужасен шеф; за да се чувствувате потценети или дури некорисни. Воопшто - животот е премногу краток, за да сте несреќни.
Еве 11 знаци кои покажуваат дека е време да ја смените работата:
1. Вашиот шеф се занимава само со својот началник Овој тип ви е познат - како лидер би требало да се фокусира на своите задачи и оние на својот тим, но наместо тоа постојано оди по својот началник. Мислите вашата работа е само една - да се змороувате за исправање и напредокот на вашиот шеф. Добриот шеф сепак знае дека ако тимот успева, тогаш секој член на тимот успеал, а тој самиот - исто така. Животот е премногу краток за да работите за кариерата на некој друг, а не за своја.
2. Идеите ви се отфрлат или игнорираат
Секој има идеи, понекогаш не толку добри, понекогаш одлични. И секој би сакал тие барем да се сфаќаат сериозно. Чувството дека помагате на посебен начин за работата на компанијата, е многу задоволувачко. Но, кога шефот пресече секој пат или уште полошо - им се потсмева на вашите предлози, тоа е не само навредливо, но и демотивирачко. И наскоро ќе престане да ви е гајле. А животот е премногу краток, за да не ви е гајле.
3. Ве критикуваат јавно
Сите имаме потреба од конструктивен фидбек. И малку „буцкање“. Ова е една од најсилните мотивации - да слушнете дека ја оценуваат работата и се справувате добро. Но да ве критикуваат јавно, пред други луѓе, тоа е понижувачки.
4. Никогаш не ви се заблагодаруваат
Секој има потреба од пофалби. А животот е премногу краток, за да не добивате признание за трудот и придонесот.
5. Се чувствувате како да немате цел
Секој сака да е дел од нешто значајно и важно. Да има влијание врз добрите резултати, особено ако тие се однесуваат на подобрување на животот на луѓето. Животот е премногу краток за да си одите секој ден од работа дома со чувството дека сте работеле, но не сте постигнале ништо значајно.
6. Се чувствувате како бројка
Да, секој е заменлив, и секој работи за плата. Но, луѓето имаат потреба да работат за нешто повеќе од платата - да работат со луѓе кои ги почитуваат и им се восхитуваат, и да даваат почит и восхитување во замена. Ако на вашиот шеф не му текнува да ве праша меѓу другото за семејството, дали имате потреба од нешто или едноставно да размени неколку зборови со вас, тоа ве тера да чувствувате само едно- како шрафче од големата машина.
7. Не сте дури ниту малку возбудени да одите на работа
Да се возбудувате премногу од својата работа има и свои недостатоци. Но секоја работа треба да носи задоволство, дури и да не чувствувате кон неа силна страст. Работата треба да те возбуди и предизвикува. Животот е премногу краток, за да стоите цел ден во очекување само да заврши работното време.
8. Не гледате иднина
Секоја работа треба да води до нешто - покачување, дополнителни можности, стекнување на нови вештини, учење на нови нешта. Утре треба да е различен ден - во добра смисла - спрема денес.
9. Никој не ги споделува соништата и надежите со вас
Безброј компании се создадени од партнери кои некогаш работеле заедно и откриле дека се надополнуваат и сакаат заедно да градат својата иднина. Ако планирате да станувате претприемач, прво е најдобро да поработите за голема компанија. Тука може да се судрите со луѓе со слични идеи, идни колеги или партнери во вашиот бизнис. Животот е премногу краток за да се дружите со луѓе кои не ги делат вашите надежи, соништа и страсти.
10. Убедени сте дека не може да правите ништо друго
Тоа е најдобрата причина да ја напуштите работата. Не треба да се ограничите сами, мислејќи дека нема да се справите со различни задачи. Може да правите сè, прво треба само да верувате во тоа.
11. Уморни сте иднината да ви изгледа ограничено
Ако работите за плата, која не се менува, без разлика какви резултати постигнувате, секогаш ќе работите само и единствено за оваа плата. Кога ќе работите за некој друг, тој одлучува колку чините. Да работите за себе значи дека приходите ви зависат од вашата сопствена креативност, желби, упорност и талент. Пробајте и откријте колку навистина чините - не само во финансиска смисла, но и дали можете да го промените и подобрите на некој начин животот на луѓето.
