Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛУКОИЛ“ со нова бензинска пумпа во Скопје

„ЛУКОИЛ“ со нова бензинска пумпа во Скопје

„ЛУКОИЛ“ – Македонија ДООЕЛ Скопје денеска ја отвори 26-та бензинска станица во Македонија, во Скопје.

Бензинската е лоцирана во населба Ѓорче Петров, на ул. Ацо Шопов бр.18  и се простира на  1900 м2.

Пумпата располага со три диспанзери за точење гориво,  апарат за вода – воздух, како и современ мини маркет и кафе бар со тераса.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да наточат од горивото „ЕКТО“, течен нафтен гас, да се снабдат со ЛУКОИЛ масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман.

Бензинската станица располага со wi-fi, паркинг и други поволности.

Слично

Поврзани вести