10 високо платени професии за луѓе кои мразат ... луѓе
Не се сите социјално насочени личности. Имате проблеми со комуникација или не сакате да комуницирате многу со околните? Тогаш е подобро да се ориентирате кон работа, која не налага секојдневна интеракција со други човечки суштества. O*Net (платформа за барање работа) истражува кои се професиите соодветни за таков тип на луѓе, а Business Insider објави дел од нивната листа, селектирајќи ги само најдобро платените. Еве кои се тие.
10. Специјалист по статистички истражувања
Просечна годишна плата: 80.110 долари.
Не е задолжително да сте хипер социјален, за да правите статистички истражувања кои во суштина претставуваат прибирање и анализа на податоци.
9. Биохемичар или биофизика.
Просечна годишна плата: 82.150 долари.
Ако мрзите луѓе, можеби ќе бидете подобро настроени кон другите живи организми на планетата и можете да ги насочите своите професионални амбиции во оваа насока.
8. Администратор на веб сајт
Просечна годишна плата: 85.240 долари.
Администрирање на веб страници е добра опција да избегнете директна комуникација со луѓе, фокусирајќи го вниманието целосно на активностите поврзани со онлајн просторот.
7. Геолог
Просечна годишна плата: 89.700 долари.
Добро платена работа која не бара голема социјална активност. Наместо да ви се наметнува по цел ден да разговарате со луѓе, ќе си разговарате со природата и поконкретно со земните јадра, истражувајќи ја структурата, изгледот и составот.
6. Специјалист по животната средина
Просечна годишна плата: 99.180 долари.
Истражувањата поврзани со пребарување на обновливи горива и анализата на програми и мерки за заштита на животната средина, се социјално насочени, бидејќи влијаат на иднината на човештвото. Сепак, не е потребно да сте во толку интензивен директен контакт со неговите претставници.
5. Политиколог
Просечна годишна плата: 99.730 долари.
Главниот фокус на политиколозите се потеклото, развојот и функционирањето на политичкиот систем.
4. Астроном
Просечна годишна плата: 104.100 долари.
Ако не ви се допаѓаат земните жители, можете да се посветите на проучување на вселенските објекти, при тоа со доста подобри плати.
3. Економист
Просечна годишна плата: 109.230 долари.
Работата со бројки не е како онаа која бара постојано комуникација со други луѓе - многу прецизна и одговорна е. Но, изборот е ваш.
2. Хардвер инженер
Просечна годишна плата: 111.730 долари.
Во денешно време технологиите во голема мера го имаат преземено нашиот живот и нашите социјални контакти. Во случајот е прашање на личен избор и дали сакате наместо со живи луѓе, да комуницирате со машини.
1. Математичар
Просечна годишна плата: 112.560 долари.
Ако преферирате да барате решенија на научни проблеми, наместо на човечки драми, тоа е професијата за вас.
