Економија, финансии, бизнис

Контакт

10-ти Саем на книгата во Битола

10-ти Саем на книгата во Битола

Од денеска до 9 јуни во Битола се одржува 10-тиот Саем на книгата, а годинава учествуваат 20 издавачки куќи од Република Македонија. Како што соопштија од Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ кои се организатори на Саемот,  изложени се дела на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литетартура, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

Саемот на книгата во Битола ќе биде отворен секој ден до крајот на седмицата, од 9 до 22 часот, а ова се смета за една од најзначајните културни манифестации во регионот.

Слично

Поврзани вести