10 совети од Чарли Мангер, десната рака на Ворен Бафет
Чарли Мангер може и да не е толку популарен и познат како Ворен Бафет, но во голема мера стои зад успесите на генијалниот инвеститор и фондот управуван од него . Потпретседателот на Berkshire Hathaway, Мангер завршил Харвард, а неговото богатство се проценува на 1,19 милијарди долари.
Еве некои од неговите најпознати цитати:
"Преценување на својата интелигенција може да е сериозен проблем"
Според Мангер, ако мислите дека кофициентот на интелигенција ви е 160, а тој е 150, тогаш можеби ви претстојат сериозни проблеми. "Многу подобро е да имате коефициент на интелигенција од 130, а да си мислите дека е 120", смета експертот.
"Паметните луѓе прават глупави работи"
Мангер одамна разбрал дека некои од најпаметните луѓе прават многу глупави нешта и затоа од порано се обидува да разбере зошто тоа е така и како може да се спречи.
"Инвестирајте во бизнис, секој будала може да управува"
Тука идејата малку му се разликува од концептот на Бафет, кој смета дека треба да се инвестира во бизнис со супериорен менаџмент. Според Мангер сепак порано или подоцна секој бизнис ќе се управува од "будала".
"Постои само еден пат кон врвот - напорна работа"
"Очигледно е дека ако сакате да бидете добар во нешто, каде што конкуренцијата е голема, треба да се потрудите многу. Треба да продолжувате да учите, бидејќи светот се менува и вашите конкуренти исто учат. Треба да одите на спиење помудри отколку колку што сте станале наутро. Кога се обидувате да се унапредите непрестајно во она што го правите, ги намалувате шансите за постојано пропаѓање. Многу малку луѓе кои мислат на овој начин, пропаѓаат ", појаснува уште Мангер .
"Правете го она што ви се допаѓа и во кое сте добар"
Според Мангер луѓето ќе се справат многу подобро, ако вложуваат страст во работата. "Ако Ворен се занимаваше со балет, едвај некој би слушнал за него", се шегува Мангер .
"Ако сте мрзливи и недоверливи, не е важно дали го правите она во што сте добри"
Не само страста е важна. Важни се и напорите, и односите со другите луѓе, за да бидете успешни.
"Животот ќе ве однесе на дно, но можете да станувате и да учите од неуспесите си"
"Животот ќе ви изгледа ужасен, тежок и нечесен. Ова сепак не е важно. Некои луѓе се опоравуваат од неуспесите, други не. Секоја пропуштена шанса во животот е шанса да дознаете нешто повеќе".
"Поедноставувајте ги работите"
"Ако двајца луѓе се борат да ве привлечат во тимот, но едниот е многу подобар од другиот, тогаш сосема логично ќе го претпочитате него. Така е и во инвестирањето во акции. Нашите идеи се толку едноставни. Луѓето продолжуваат да сметаат дека инвестирањето е мистерија, но тоа не е така. Сè што правиме, се раѓа од најпознатите едноставни идеи "
"Да си умен и да правиш нешто што никој досега не го направил, се две различни работи"
Мангер го дава следниов пример. Млад човек оди кај Моцарт и му кажува дека сака да пишува симфонии, а Моцарт му одговара дека е премногу млад. Кога момчето му возвратило дека и Моцарт бил многу млад кога започнал, одговорот на уметникот бил: "Да, но не прашав никого за совет како да го правам тоа".
"Лудоста е експерт за диверзификација"
"Студентите ги учат корпоративните финансии во колеџите. Таму на нив им се кажува дека целата тајна на инвестирањето се крие во диверзификација. Но, вистината е сосема спротивна. Почетниците инвеститори треба да се остваруваат со диверзификација, но таа е лудост за експертите. Целта во инвестирањето е да се најдат ситуации кај кои е сигурно да не се прошират. Ако се стави само 20% во можноста на животот, тоа дефинитивно не дејствува рационално. "
