Економија, финансии, бизнис

Контакт

10 докажани тактики како да го читате јазикот на телото

10 докажани тактики како да го читате јазикот на телото

Можете да дознаете многу за намерите и чувствата на некого од јазикот на неговото тело, ако знаете што да набљудувате. Бизнис Инсајдер состави листа со 10 совети кои ќе ви бидат од корист да разберете подобро она што луѓето навистина ви го велат.

Разбирањето на јазикот на телото, се разбира, не е егзактна наука, па „читањето“ на знаците и сигналите кои соговорникот ви ги праќа, може да биде тешко понекогаш.

1. Подигање на веѓите често е знак дека соговорникот чуствува одредена непријатност. Кревањето на веѓите сепак може да е знак за тревога, изненадување или страв. Значи, ако некој ви даде комплимент со кренати веѓи, знајте дека тој може и да не е искрен.

2. Ако човекот со кого разговарате, го намалува или зголемува гласот, тоа покажува интерес

3. Контактот со очи исто значи интерес - како позитивен така и негативен.

4. Меѓутоа, ако зјапа премногу долго во очите, тоа е знак дека човекот можеби ве лаже. 

5. Прекрстени нозе обично се подразбира за дистанцираност, отпор и непочитување. 

6. Ако соговорникот го имитира вашиот јазик на телото, во повеќето случаи значи дека разговорот оди добро. 

7. Побарајте недостаток на брчки околу очите, за да дознаете дали човекот спроти вас има лажна насмевка. 

8. Ако тој се смее заедно со вас, тогаш најверојатно му се допаѓате.

9. Отворена и авторитарна поза покажува лидерство.

10. Тресењето на нозете на соговорникот често е знак за лоша внатрешна состојба или поинаку кажано - соговорникот не е самоуверен.


Слично

Поврзани вести