10 Black & White Lions Ball Bitola
Во годината во која одбележуваме 10 години од ЛК Битола, 20 години од Лајонизмот во Македонија и 100 години на Лајонизмот во светот, за 19 Ноември 2016 - сабота го најавуваме 10 јубилеен хуманитарен црно-бел бал.
Пред претставници на дипломатскиот кор, лајонси од поширокиот регион и познати јавни личности освен што ќе се афирмира мисијата да се служи на заедницата, се планира донација од 10.000 австралиски долари обезбедени од австралиската компанија Outsource Macedonia која интензивно ангажира млади, талентирани луѓе кои живеат во Македонија да работат он лајн на проекти од различни сфери за потребите на малиот и среден бизнис во Австралија, но и во светот.
Донацијата е наменета за фомирање на фонд за образување на малиот Ведран Велиновски, детето херој од Крива Палнка, кое цели три часа се бореше со водената стихија од стравичните поплави кои го зафатија Скопје, додека не го пронајде неговиот татко. За жал неговата мајка Марина и шестгодишниот барт Јован го загубија животот во таа водена стихија, враќајќи се од годишен одмор.
Вашата поддршка ни значи со цел да
дадеме позитивен пример и да ја
покажеме хуманоста на компанијата која
со наша помош застана зад оваа
донација.
Годинашниот настан е во знак на
пријателството со Црна Гора, така што
очекуваме бројни гости, особено од
Херцег Нови град збратимен со Битола.
Најавени се градскиот дувачки оркестар
на Херцег Нови придружуван од
мажоретките на градот со настап за
празникот на Мимозата, актерот
Слободан Маруновиќ, како и познатиот
бенд од шоуто на Иван Ивановиќ Електрик
Фанкс.
