Урбан Инвест како општествено одговорна
компанија оваа година повторно со донација. Овој пат беа донирани точаци,
тротинети и училишни прибори наменети за децата од СОС детското село во износ
од 123.000 денари.

Урбан Инвест е компанија која верува дека носат значаен дел од одговорноста
за општествениот просперитет и прогрес. Со оваа донација се чекор поблиску до
остварување на својата цел за подобрување на социјалнaта димензија и околината
во која што живееме.

„Како одговорен и активен учесник во
општеството, се трудиме да ги вклучиме нашите вработени, купувачи, добавувачи и
бизнис партнери во најразлични иницијативи и програми кои придонесуваат за
развој на Македонското општество. Делата говорат погласно од зборовите, а преку
етиката и естетиката на нашето работење, настојуваме да ја оствариме позицијата
на достоен член на нашата заедница.“ изјави
г. Јован Грков- Генерален
директор на Урбан Инвест.

Компанијата
Урбан
Инвест, основана во 1990 год., е најголемиот производител на
Паверелементи
и
Terastone плочки во Македонија и Балканот. Од
самиот почеток во 1990 година, па се до денес,
Урбан Инвест, преку својата диверзифицирана
производствена програма, високо едуциран кадар, новата софистицирана
технологија и високо развиениот еколошки и социјален бизнис пристап, стана еден
од главните учесници во индустријата за градежни материјали во Македонија и пошироко.
