Економија, финансии, бизнис

Контакт

UNIQA најдобар осигурителен бренд во Македонија: Наградата ја доби од Global Banking & Finance

UNIQA најдобар осигурителен бренд во Македонија: Наградата ја доби од Global Banking & Finance

Реномираниот интернационален сајт Global Banking & Finance за првпат UNIQA Македонија ја закити со победничка награда за 2022 година – „Најдобар осигурителен бренд во Македонија”

Со ова признание, UNIQA уште еднаш ја потврди својата позиција каконајдобар бренд присутенна пазарот за осигурување во Македонија .

Престижното признание,Global Banking & Finance го темели на повеќе критериуми меѓу кои, довербата на клиентите, квалитетот на дадената услуга, препознатливост во индрустријата, иновации и развој на продукти, општествена одговорност, стратешка предност во однос на конкуренцијата и висина на полисирана премија .

„Оваа награда од светски рамки и меѓународната титула во светот е вистинска чест за нашата Осигурителна Компaнија и доказ за доброто менаџирање, здравиот деловен модел, довербата на клиентите и посветеноста на тимот. Благодарен сум на нашите клиенти и сите мои колеги. Без нив ниту една награда не би била возможна.“ – изјави директорот Дритон Азизи.

Со ова меѓународно признание од Global Banking & Finance - се потврдува дека UNIQA Македонија чекори по европските стандарди за осигурување.

UNIQA Македонија е дел од Австриската осигурителна групација UNIQA ( UNIQA INSURANCE GROUP ), која во Европа е присутна со 40 друштва за осигурување во 18 држави.

UNIQA во Македонија е застапена преку две друштва за осигурување – “УНИКА АД Скопје” во сегментот на неживотното осигурување и „УНИКА ЛАЈФ АД СКОПЈЕ” во сегментот на животното осигурување, при што двете друштва се меѓу водечките осигурителни институции на македонскиот пазар на осигурување.

Слично

Поврзани вести