Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПроКредит Банка повторно чекор пред другите! Потпишувајте договори со Банката онлајн преку дигитална платформа

ПроКредит Банка повторно чекор пред другите! Потпишувајте договори со Банката онлајн преку дигитална платформа

Во денешно време дигитализацијата на пазарот станува се поважна, се бараат брзи и едноставни решенија за спроведување на административните работи, како што се потпишување на догвори за кредити, кредитни линии и гаранции без посета на банка.

ПроКредит банка е лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии во земјата со 100% автоматизирана услуга за готовинскии безготовински платежни трансакции.

Први на пазарот ја воведовме и услугата за дигитално потпишување на договори за сите правни лица. Ефикасноста, брзината и безбедноста се придобивките кои ги нуди оваа услуга.

Станува збор за едноставна и безбедна електронска платформа која им овозможува на клиентите дискреција и пристап со сопствено корисничко име и лозинка. Откако клиентите ќе добијат дигитален сертификат за потпис, сите останати договори за кредити, кредитни линии и гаранции може да се потпишуваат преку оваа иновативна платформа. Сè што е потребно се личен компјутер и интернет. Со оваа услуга, чекањето во ред и брзањето во банка само за еден потпис стануваат минато за клиентите на ПроКредит Банка.

Предностите од користење на услугата за дигитално потпишување договори се многубројни – зголемена ефикасност и брзина во потпишувањето на договорот со што заштедува на време и трошоци, ја подобрува безбедноста и го олеснува процесот на водење евиденција за документацијата.

Слично

Поврзани вести