КОЛЕКЦИЈА И КАМПАЊА ЕСЕН/ЗИМА 2017 THE GRASS IS ALWAYS GREEN
Најпознатата мултибренд продавница во регионот
– FASHION&FRIENDS ја
претставува рекламната кампања за есен/зима 2017 под наслов „ The
grass is always green “. Романтично бегство од градската врева, авантуристички
дух и изглед како од соништата со доза на бунтовништво во контраст со
окружувањето, совршено ја најавуваат претстојната сезона.
Во кампањата се
прикажани „must-have“
парчињата од светските познати брендови како Replay, Diesel, Guess, Desigual, NZA New Zealand, Scotch&Soda,
SuperDry, UGG и останатите брендови од Fashion&Friends.
GUESS
Оваа сезона колекцијата на GUESS нуди микс на џинс
парчиња - фармерки со висок струк и „скини-фит“, со украсни елементи и „искинати“ парчиња.
Вештачкото крзно е повторно „ин“ оваа сезона, го има во различни бои и
претставува клучен детаљ на јакните. Логото на маиците и блузите добива нов
изглед, преку кои парчињата се навраќаат на корените на брендот. Црно-белата
кампања ја рефлектира автентичноста на американскиот стил, претставен преку
разновидните џинс модели.
DIESEL
Енергијата на 90-тите години е присутна во
есен-зима
колекцијата на Diesel. Микс од различни парчиња, „гранџ“ и рокенрол стил, кариран дезен и џинс
со искинати детали. Инспирација за новата колекција се музичките фестивали и
рок концертите. Флорални принтови и деталите од тантела даваат нежност на
црните парчиња, а кожните и плетени елементи го збогатуваат зимскиот изглед.
Американскиот „винтиџ“ стил е претставен преку моторџискиот изглед – од јакни
со волна до класични црвено-црни карирани парчиња, со амблеми на класичните
војнички „бомбер“ јакни, парки и наметки.
Новите JoggJeans модели се толку удобни што ќе посакате и во нив да спиете – Diesel ги претставува
вашите џинс од соништата. Револуционерни модели кои се неверојатно удобни,
меки, еластични, со висок квалитет и истрајност.
Levi’s
Препознатливите тексас јакни од Levi’s кои се носени од рок
ѕвездите, фармерите и „бунтовниците“ се најпрепознатливиот
дизајн на брендот, кој континуирано еволуираше со текот на годините. За оваа
сезона брендот креираше јакна со руво која е погодна и за зимските денови, а
достапна е во различни џинс нијанси. Маиците и блузоните со препознатливото
лого на брендот се достапни во повеќе бои и во различни варијанти, а задолжителни
парчиња се и тексас и карираните кошули.
Scotch&Soda
Scotch&Soda колекцијата изобилува со шаренило. Кариран и пругаст дезен, колор-блок
комбинации на кои преовладуваат есенските бои како окер, темно зелена и маслинеста,
бордо, тегет и кафена. Колекцијата нуди безвременски парчиња, кои со сигурност
ќе бидат актуелни во текот на годините.
Уникатни модели дизајнирани од различни ткаенини и шари кои создаваат впечатлив
изглед. Тоа што брендот го поттикнува
кај купувачите е отвореност и креативност во комбинирањето. Задолжителни
парчиња: „бомбер“ јакни!
Desigual
Кога помислуваме на Desigual, веднаш се поврзуваме со колоритниот свет
на брендот. Флорални мотиви испреплетени со различни материјали и дезени кои го
создаваат препознатливиот Desigual
лик. Џинс парчињата добиваат егзотичен изглед, со уникатни
украсни елементи кои го збогатуваат парчето и го прават поефектно. Зимските
јакни освен што ќе ве затоплат, ќе ги разведрат „тмурните“ зимски утра со
својот впечатлив изглед. Оваа сезона ужувајте во тренди принтови и доза на елегантност со Desigual!
UGG
Најпрепознатиливите зимски чизми со оригинален дизајн
се моделите на австралискиот бренд UGG. Така и оваа сезона, повторно нѐ изненадуваат со
нови и обновени модели изработени од врвен квалитет на овча кожа. Деталите како
пувки, реси, машнички и светкави украси го прават секој пар чизми да биде уникатен.
Replay
Есен-зима колекцијата на Replay е вистинска рефлексија на брендот,
претставена преку иновативните парчиња со бунтовнички дух. Војничките мотиви, моторџискиот
и колеџ стилот се сретнуваат и спојуваат за да ги прекршат сите „правила“. Колекцијата
„бунтовници и херои“ зазема форма преку смели
дизајни. Кожни и „бомбер“ јакни и маици инспирирани од рокенрол светот, „карго“
модели во војничко-зелена и принт со камуфлирачки ефект во кои не можете да
останете незабележани. Црната доминира на моторџиските јакни, а сината и
црвената се клучни бои на колеџ моделите. Деталите како амблеми даваат урбан и
модерен изглед на парките. Колоритните вештачки крзна и флоралните принтови продонесуваат
за шик зимски изглед.